понеделник, 28 октомври 2024

Надминати се недоразбирањата со „Бехтел и Енка“, почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево, рече Мицкоски

После две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто кое треба да претставува дел од оној сон што го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски извршија надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10. Денеска сме овде на едно место коешто претставува дел од Коридорот 8, а во сабота, од тоа што до сега го разгледувавме со одговорните лица од конзорциумот ‘Бехтел и Енка’, ќе го посетиме и другото место каде што се гради, а тоа е делницата помеѓу Прилеп и Битола“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека досега како Влада заедно со раководството во ЈПДП е направено двојно, тројно повеќе работи завршиле од она што било сторено за две години претходно.

„И тоа се гледа. И сега веќе ова не е магија, не е илузија, ова е вистина. Ги гледаме работите на терен како се работат. Овие преговори заедно со раководството на компанијата ‘Бехтел’ започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на посета во Вашингтон, на Самитот на НАТО, продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок. Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и македонските граѓани“, рече Мицкоски.

За Николоски ова е огромен проект.
„Најголем во поновата историја на Македонија – автопат Гостивар – Кичево со кој се заобиколува популарната Стража. Автопат кој 50 години се најавува и конечно Владата на ВМРО-ДПМНЕ го почнува. Со овој автопат и завршувањето на Охрид – Кичево од Скопје за Охрид и Струга ќе се патува со пријатно возење за час и половина. Целосно ќе се промени економијата и туризмот. Благодарам на премиерот Мицкоски за цела поддршка и посветеност. Ја градиме Македонија“, рече Николоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ