четврток, 24 октомври 2024

На убиецот од хрватски Дарувар му е одреден притвор, му се заканува затвор до 50 години

Во хрватски Дарувар денес беше ден на жалост, откако 51-годишниот пензиониран воен полицаец пред два дена уби шест лица во дом за постари и изнемоштени лица, а и рани повеќе лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според хрватските медиуми, на убиецот му е одреден притвор до 30 дена, а му се заканува максимална казна затвор до 50 години. Притворот му го одредил истражен судија на општинскиот суд, поради опасност од влијаење врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.

Како што вчера јавија хрватските медиуми, убиецот е обвинет за 11 кривични дела против живот и тела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ