сабота, 26 октомври 2024

На три континенти уапсени се 200 луѓе и запленети нелегални супстанци во вредност од 1,5 милијарди евра

Над 200 лица се уапсени и запленети се нелегални супстанци во вредност од 1,5 милијарди евра во текот на двомесечната операција против шверц на дрога низ Европа, Северна Америка и Африка, соопшти денеска во Лион меѓународната криминалистичка полициска организација Интерпол.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во април и мај беа запленети 615 тони дрога и други забранети материи, 65 украдени автомобили, 30.000 воени и рударски детонатори и импровизирани „наркоподморници“ за транспорт на кокаин во Јужна Америка и преку Атлантикот.

Вредноста на запленетата дрога е поголема од БДП-то на некои земји, што „јасно го покажува степенот на проблемите со кои се соочуваат органите на прогонот“, рече шефот на Интерпол, Јирген Шток.

Интерпол објави дека се запленети рекордни 505 тони хемикалии за производство на дрога и експлозиви.

Операцијата, која трае од 2013 година, ја финансира британското Министерство за внатрешни работи и се спроведува во 31 земја во соработка со други меѓународни организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ