недела, 20 октомври 2024
Кривичен суд

На Јанакиески му застаре едно обвинение во Талир, предметот е преквалификуван

Објавено на

часот

Сподели

 Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески.

Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 ноември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка.

Во овој случај Јанакиески се товари и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

-„Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ“, рече обвинителката.

Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за перење пари и други приноси, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ