вторник, 24 септември 2024

На граничните премини запленети облека, обувки, очила, камагра…

Минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока…

 

Објавено на

часот

Сподели

На Меѓународниот аеродром Скопје запленети се 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки. При контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул пронајдени се непријавените производи кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник. Непријавените производи, пронајдени во преградите под предните седишта на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

На граничниот премин Табановце запленети се 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во 8 кеси сместени во багажниот простор и под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека дел од производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Освен тоа изминатата недела запленети се и садови за домаќинство, постелнина, техничка стока, алат, парфеми, монтажни сушарки, откриени при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Мобилните царински тимови откриле 125.684 парчиња разни производи при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. Возилото било сопрено на наплатна станица Романовце, и откако при визуелен преглед било констатирано дека во товарниот дел има стока од трговски карактер за која возачот не поседувал документ за платени царински давачки, извршен е детален преглед и привремено задржани се 120.000 жилети, 1.200 запалки, 1.100 кесички камагра, 23 килограми маџун, 47 килограми мед, 722 парфеми и 89 тоалетни води.

Мобилните царински тимови откриле и 5.111 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случи. Стоката била сместена во јавен царински склад, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ