сабота, 26 октомври 2024

На Блаце приведен еден од учесниците во инцидентот во Контролата на летање

Вчера на грничниот премин Долно Блаце на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ