петок, 18 октомври 2024
Бундеслига

На Баерн Минхен не му оди со Тухел, пораз од Мајнц во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денеска загубија на гостувањето кај Мајнц со 3-1. Водеа во првото полувреме, но капитулираа во вториот дел.

Мане погоди во 16. минута, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, сепак 13 минути подоцна даде регуларен погодок за водство од 1-0.

Во вториот период следуваше шокантен период за Баварците кој траеше 14 минути. Ајорке во 65. минута израмни на 1-1, во 73. минута Бареиро погоди за комплетне пресврт и водство на Мајнц од 2-1, а конечните 3-1 беа дело на Мартин шест минути подоцна.

Најубедливата победа денеска во Бундеслигата ја забележа Волфсбург кој со 5-1 победи на гостувањето кај Бохум.

Гостинскиот триумф забележа и Вердер кој со 4-2 ја совлада Херта, а победи и Келн на гости кај Хофенхајм со 3-1.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ