Слично како и на првиот натпревар, Работнички се бореше до последниот период кога падна и го загуби натпреварот. Мечот беше решен во четвртата четвртина кога на стартот МЗТ Скопје направи серија од 14-2. До крајот металците без проблем го задржаа водството и славеа со 73-62.
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 18 поени, исто толку постигна и Кук од Работнички.
Ова за МЗТ Скопје е 17. финале од плејофот, тие ќе атакуваат по јубилејната десетта титула.
Противник на МЗТ Скопје ќе биде подобриот од дуелот меѓу Пелистер и ТФТ, битолчани имаат предност од 1-0.