вторник, 26 ноември 2024

МЗТ Скопје го победи Работнички во дербито кое го одбележаа навивачки инциденти

Вечното дерби на македонската кошарка, дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје кој се играше денеска во СЦ Кале, траеше повеќе од три часа поради инцидентите кои се случуваа, на крајот славеа Аеродромци со 70-56.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше прекинат на почетокот од втората четвртина кога на теренот беа фрлени голем број петарди и чадни бомби. Прво кошаркарите на МЗТ Скопје побегнаа во соблекувалната, а потоа и тие на Работнички.

Прекинот траеше дури 85 минути, мечот продолжи откако полицијата ја испразни салата.

На теренот МЗТ Скопје доминираше во текот на целиот меч, на полувремето водеа со 20 поени разлика, беше 48-28, на крајот славеа со 70-56.

Копривица со 15 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 12 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ