„Во однос на горенаведеното, сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме, а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет-измами или таканаречени „фишинг“ (phishing) измами, чија цел е прибирање на лични податоци со намера за нивно понатамошно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картички, за стекнување финансиска корист, се наведува во соопштението на МВР.
МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картички.
„Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk“, препорачуваат од МВР