петок, 18 октомври 2024

Музејот Аушвиц осуди непримерен коментар дека Полска за бегалците веќе има спремни логорски бараки

Музејот на поранешниот германски нацистички логор Аушвиц-Биркенау најостро го осуди непримерниот „виц“ на полскиот сатиричар Јан Пјетшак, објавен во медиумите блиски на претходната власт (од изборите на 15 октомври опозициските конзервативци), според кој Европската Унија смета дека Полска е спремна да преземе мигранти, затоа што за нив има спремни стари логорски бараки во Аушвиц и другите бивши концентрациони логори.

Објавено на

часот

Сподели

„Знам суров виц. Тие сметаат на тоа дека Полјаците се спремни бидејќи имаме бараки за мигрантите, во Аушвиц, Мајданек, Треблинка, Штатхоф. Имаме многу бараки изградени од Германците и таму ќе ги чуваме мигрантите кои нелегално ни ги туркаат преку Германија“, кажа Пјетшак на телевизијата Република, блиска на сегашната опозициска партија Право и правда на Јарослав Качињски.

Во маргинално десничарската телевизија Република, по формирањето на новата влада на проевропски сили на премиерот Доналд Туск,  премина екипа на главните ѕвезди на полската државна телевизија ТВП која Качињски и неговите конзервативци осум години, додека беа на власт, ја користеа како партиско гласило, за говор на омраза и за напади на опозицијата, но често и за напади на други членки на ЕУ, особено Германија.

„Трагедијата на Аушвиц покажува каде водат идеите на омраза и презир кон друг човек. Инструментализација на судбините на луѓето кои гинеле во германските логори за бедна антиемигрантска реторика, тоа е срамен израз на моралното и интелектуалното тонење“, реагираше на суровиот виц Музејот во Аушвиц, некогашниот најголем логор на смртта, кој нацистите за време на војната го изградиле во окупирана Полска.

На изјавата на сатиричарот реагираше и министерот за правда Адам Боднар и го замоли републичкиот обвинител да се позанимава со неа и да отвори истрага.

Пријава против телевизијата Република до националното надзорно тело за радио и телевизија и кривична пријава до обвинителството поднел и Центарот за следење на расистичко однесување поради со закон забранетото пропагирање на нацизмот и расистички закани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ