Мурињо беше бесен на судењето на Тејлор до степен што го чекаше на паркингот по завршувањето на мечот и му се пушти вербално. Таквиот гест го чинеше четири меча суспензија.
Како протест на оваа одлука Мурињо го напушти Фудбалскиот одбор на УЕФА кој е во функција на советодавно тело и е составен од поранешни фудбалери и елитни тренери.
Мурињо за својата одлука го информираше директорот на УЕФА и шеф за фудбал, Звонимир Бобан.
Пораката на Мурињо до Бобан е јавно објавена:
Почитуван г-дин Бобан,
Заблагодарувајќи ви за поканата што ми ја упативте да бидам член на Фудбалскиот одбор на УЕФА, со жалење ве информирам дека веднаш ќе се откажам од моето учество во оваа група.
Вредностите во кои толку силно верував кога се приклучив повеќе не гледам дека постојат и чувствував обврска да ја донесам оваа одлука.
Љубезно ве молам да ја пренесете мојата одлука и до претседателот г-дин Александер Чеферин.
Со почит,
Жозе Мурињо