понеделник, 25 ноември 2024

Муцунски во Монтреал: Инвазијата врз Украина, флагрантно прекршување на меѓународното право

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада.

Објавено на

часот

Сподели

Конференцијата е организирана во копартнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца, информираат денеска од министеството.

Во рамките на обраќањето на пленарната сесија која се одржала при отворањето на конференцијата, министерот Муцунски истакнал дека суштината на конференцијата допира не само до рамката на меѓународното хуманитарно право, туку и до суштината на, како што рекол, нашата заедничка човечност.

„Ние силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина, која досега предизвика непоправливи загуби на човечки животи и разурнување. Целосната инвазија на Украина од страна на Русија претставува напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и флагрантно прекршување на основните начела на меѓународното право и, пред сè, вредностите на човештвото“, истакнал Муцунски во своето обраќање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ