вторник, 26 ноември 2024

Муцунски на работен појадок кај Сијарто пред почетокот на самитот на ЕПЗ во Будимпешта

Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствувал на работен појадок на кој разменил мислења за актуелни глобални и европски политички прашања со шефови на дипломатии на други земји.

Објавено на

часот

Сподели

„ Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евроатлантските интеграциски процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите. Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот Муцунски попладнево  учествува на самитот на Европската политичка заедница.

Како што информира министерството, фокусот на самитот ќе биде ставен на теми како што се енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ