сабота, 2 ноември 2024

Москва го нападна Киев со беспилотни летала од иранско производство

Објавено на

часот

Сподели

Русија го нападна главниот град на Украина со беспилотни летала од иранско производство. Според прелиминарните информации, украинските системи за противвоздушна одбрана ги собориле сите летала, изјави на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Сѐ уште се собираат информации, но засега нема жртви или значителна материјална штета, пренесува Ројтерс.

Сирените за тревога се огласиле околу час и половина по полноќ, а освен во областа Киев, тие се слушнале во поголем дел од истокот на земјата.

Воздухопловните сили издадоа предупредување за воздушен напад за источните и југоисточните региони, бидејќи постои нова закана од напади со балистичко оружје на горенаведените области, се вели во нивната објава на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ