четврток, 28 ноември 2024

МОН: Училиштата да се пријават за грантови за активности за меѓуетничка интеграција во образованието

Објавено на

часот

Сподели

Право на учество на повикот имаат сите училишта и градинки, во соработка со педагошките факултети и општините, кои, доколку бидат избрани, ќе добијат грант во висина до 7000 евра за реализирање на предложените активности што ќе ќе треба ги реализираат во периодот јуни 2023 – мај 2024 година, Упатствата и формуларите за аплицирање се достапни на следниот линк.

Отворениот повик е објавен во рамки на новиот проект „Градиме нови мостови“ за кој МОН и ОБСЕ потпишаа меморандум на почетокот на годинава, а неговата цел е зголемување на довербата, соработката и разбирањето помеѓу децата и младите од различните етнички заедници, преку почесто заедничко дружење и учење.

Вкупниот буџет наменет за имплементација на овој проект е речиси 500 илјади евра, обезбеден со донаторска поддршка од Кралството Норвешка, Република Полска и Големото Војводство Луксембург, соопшти Министерство за образование и наука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ