вторник, 5 ноември 2024

МНТ на Балкански театарски фестивал во Благоевград

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на III Балкански театарски фестивал во Благоевград, Република Бугарија, кој се одржува од 1 до 7 ноември.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа година драмскиот театар ‘Никола Вапцаров’ од Благоевград ги селектираше  најдобрите претстави од Балканот, меѓу кои е и нашата претстава ‘Народен непријател’, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски“, наведуваат од МНТ.

Претставата на МНТ ќе се одигра вечер во рамки на фестивалската програма. Инаку, програмата на фестивалот оваа есен е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од: Романија, Србија,  Бугарија и Словенија.

Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград и има сериозни предуслови да стане водечки меѓународен културен форум на Балканот. Традиционално, фестивалот вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.

Македонскиот народен театар со истата претства „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, порано годинава, учествуваше на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина, наведуваат од Македонскиот народен театар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ