четврток, 24 октомври 2024

Митревски, Ѓурѓај и Стерјовски станаа носители на МКАРТА

Објавено на

часот

Сподели

„Ефтим Митревски, Никола Ѓурѓај и Васил Стерјовски, претседатели на македонски друштва, главни уредници на весниците на македонски јазик „Преспа”, „Илинден” и „Македониум”, пишува во објавата од Амбасадата.

Се додава дека својот живот го посветиле на зачувување и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. 

„Сега веќе носители на МКАРТА, која се доделува само на исклучителен труд на поединци како што се Митревски, Ѓурѓај и Стерјовски. Честито“, се наведува во објавата на македонската амбасада во Тирана. 

Проектот МКАРТА е замислен како мрежа на истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу Македонија и новите средини во кои живеат.

МКАРТА  добиваат  научници, универзитетски професори, лекари, уметници, бизнисмени, менаџери,  сопственици на компании, лица кои со својот професионален успех на најдобар можен начин ја претставуваат нашата држава.

Министерството за надворешни работи (МНР) вчера соопшти дека две години по иницијалното промовирање, листата на носители на МКАРТА се проширува со вкупно 68 претставници на дијаспората по потекло од Македонија.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ