сабота, 19 октомври 2024

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Објавено на

часот

Сподели

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги почнувајќи од денеска заклучно со 29 декември 2023 година во 23:55 часот.

Од Миинстерството соопштија дека на конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на националниот портал за е-услуги.

„Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот ‘Град на културата’ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава“, велат од Министерството.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ