четврток, 28 ноември 2024

Министерството за економија ќе субвенционира домаќинства што ќе се приклучат на гасната мрежа во Куманово

Објавено на

часот

Сподели

Денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово Гас“ ги повикаа заинтересираните кумановци да направат приклучок и да аплицираат за субвенции коишто ги доделува Министерството за економија и општина Куманово.

„Со оглед на фактот дека цената на приклучок на гас за домаќинство изнесува 800 евра во денарка противвредност, домаќинствата ќе бидат субвенционирани од мерките. Средствата ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за изработка на проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или изведба на приклучок на системот за дистрибуција на природен гас на домаќинства до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари. И општина субвенционира 15.000 денари. Вкупно субвенции има до 40.000 денари, изјави директорот на ЈП „Куманово Гас“, Марко Митровски.

Документите потребни за апликација се наведени на страницата на министерството за економија. Од „Куманово гас“ ги повикаа кумановци за сите прашања да се обратат во нивните канцеларии спроти градскиот стадион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ