вторник, 5 ноември 2024

Министерот Тошковски назначи нов началник на СВР Велес

Нов началник на СВР Велес од денеска е 37-годишниот Бране Паласков, кој за началник е назначен вчера со решение на министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

Паласков доаѓа од позиција виш инспектор – главен дежурен во Центар за известување и командување при СВР Велес. Тој е избран на местото на досегашниот началник Ристе Самарџиев.

Инаку, Паласков е дипломиран економист и во своето десетгодишно работно искуство како полициски службеник има работено како помлад инспектор во Отсекот за општ криминал во СВР Велес, виш инспектор во надворешна канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе и виш инспектор – главен дежурен во Центар за известување и командување при СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ