На новинарско прашање дали министерството треба да прифати ваква иницијатива, првиот човек на Детската амбасада Меѓаши Драги Змијанац одговори доколку нема согласност од МОН, а родителите инсистираат, тогаш треба компромисно решение во кое приоритет ќе биде најдобриот интерес на децата, тие да не губат часови, но и да го совладаат материјалот.
Според Змијанац, одлуката е, главно, кај менаџментот на училиштата кој, како што рече, треба да изнајде креативни решенија за одвивање на наставата и дека таа може да се одвива и на отворено.
„Има креативни начини како тоа да се направи, може на отворено. И за време на пандемијата предлагавме да не се затвораат училиштата, да бидат отворени училишните дворови, кои се големи, со тенди итн. и може многу поедноставно да се изучува материјалот“, рече Змијанац по промоцијата на публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование“