четврток, 28 ноември 2024

Милевски: Ги погазувам своите принципи, во спротивно 70 отсто од играчите нема да можев да ги повикам

Објавено на

часот

Сподели

Пред Македонија се два натпревари од квалификациите за ЕП 2024 година, на 16 јуни на пречекуваме Украина, а на 19 јуни гостуваме кај Англија.

Сепекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот, но признава дека морал да го погази тоа што го ветил претходно за да состави селекција.

„Останавме без две опции за напад, ама не кукаме и ќе пробаме да извлечеме максимум со тие што ги имаме. Сите што ќе се способни и здрави, за мене, тие се најдобрите во моментот. Се надевам дека сите повикани ќе се спремни за да се стават во функција на тимот. Да зборуваме за натпреварувачката форма е неблагодарно и таква форма да се бара од нив. Јас ги погазувам принципите кои ги воведов, дека ќе бидат повикани тие што играат и се во најдобра форма, но во моментов ако се водам по тоа – 70 отсто од играчите не би биле викнати. Ама, ние немаме обемен ростер од фудбалери кои се на едно високо ниво. И затоа, што е тука е, не се жалиме, скоро две години само еднаш сме биле комплетни и тоа со Португалија. Јас само се надевам дека ќе бидат сите здрави и способни да се стават во функција на тимот“, вели Милевски.

Дебитант во составот е Сефер Емини од данскиот клуб Сондерјиске.

„Емини со игрите и постојаните настапи заслужи да биде дел од А-тимот, сите други се истите од март. Во моментов сконцентрирани сме исклучиво на мечот со Украина. Сѐ друго е на страна. Јас знам дека сите што играле за Македонија од овие фудбалери, секогаш давале и повеќе од максимум и формата била во втор план, па затоа верувам дека и сега без оглед кој во каква натпреварувачка форма е – ќе даде и повеќе од што може“, додаде Милевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ