недела, 20 октомври 2024

Милчо Манчевски: Има барање од ДКСК директорот на Агенцијата за филм кривично да одговара

Објавено на

часот

Сподели

Најстара стратегија на светсврти го вниманието со лаги: Агенција за филм повторно брутално лаже за наводна пресуда на Судот противБанана филм’, за да го скрие фактот дека Антикорупциската комисија побара Владата да го разреши директорот Бојан Лазаревски, а Јавното обвинителство да го гони кривично за незаконско трошење буџетски пари.
Главната расправа во Управниот суд во случајотБанана филмпротив Агенција за филм уште не е ни почната. Да потсетиме, ‘Банана филмподнесе тужба да се поништи решението на директорот на Агенцијата за филм со кое незаконски ја запре реализацијата наКајмаки наБиста’ (‘Збогум, Копакабано!’) на Милчо Манчевски. Со ова решение на Агенцијата за филм за замрзнување на филмските проекти на Манчевски нарушена е презумпцијата на невиност како врвно и со Устав загарантирано начело. И Министерството за култура констатираше дека оваа одлука на УО е незаконска.
Управниот суд донесе времена мерка, со која наложи до крајот на главната расправа да се одмрзнат проектите на Манчевски. Но, Вишиот управен суд сега ја укина таа времена мерка. Така што, постапката за главната расправа во Управниот суд допрва претстои.
И ДКСК и Државниот завод за ревизија и Транспаренси интернешнл и Министерството за култура и Венецијанскиот филмски фестивал и Меѓународната асоцијација на филмски критичари и Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа сметаат дека Агенцијата го крши законот“, напиша Манчевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ