сабота, 26 октомври 2024

Милановиќ: Преговорите на БиХ со ЕУ ќе траат 500 години, подолго отколку што беа под Турците

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави денес дека во Брисел на Европскиот совет гласал за отворање на преговорите за членство на Босна и Херцеговина во Европската Унија и истакна дека за тоа бил и пред премиерот Андреј Пленковиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој, меѓутоа, мисли дека тие преговори за пристапување на БиХ во Европската Унија ќе траат долго, како што кажа, 500 години и подолго отколку што биле под Турците.

Истакна дека доколку бил на местото на Пленковиќ, а хрватскиот премиер, според Милановиќ не можел да го направи тоа за да не се замери, би им обезбедил на Хрватите во БиХ право да го бираат својот член на Претседателството на БиХ.

„Треба да се избориме за она што им е грабнато, она што им припаѓа според Дејтон, што Пленковиќ не се осмели да го направи, а јас тоа веднаш ќе го направам“, тврди Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ