сабота, 26 октомври 2024
Средба на лидерот на ВМРО-ДППМНЕ со специјалниот претставник на САД

Мицкоски на Ескобар му го кажал ставот за уставните измени и рекол дека власта погрешно го информирала

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцирал дека актуелната власт за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. 

„Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на Мицкоски и Ескобар, на која присуствувале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и амбасадорката  Анџела Агелер, исто така од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ