понеделник, 18 ноември 2024
Реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ескобар е добредојден за разговор, а кој мисли да врши притисок го греши соговорникот

Објавено на

часот

Сподели

„Како и секоја друга посета. Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен сдоговорник е добредојден, секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден. Тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на Велес. 

Според Мицкоски, за неколку месеци ќе има нова Влада и нова реалност, а власта, како што оцени, треба да прифати предвремени парламентарни избори затоа што не можат да го испорачаат тоа за што презеле обврска надвор од легитимитетот.  

Во коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела  Агелер дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ, Мицкоски рече дека  се согласува „со изјавата на амбасадорката  и оти граѓаните се тие што се суверен во оваа држава и тие треба на избори што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат – Да за Европската унија, но и да го одберат решението како до тоа Да до ЕУ“.

Мицкоски оцени дека премиерот Димитар Ковачевски презел обврски да се смени Уставот, но нагласи дека тој не може тоа да го оствари и дека всушност, како што додаде, и нема легитимитет.

„Ковачевски стана премиер откако им се случи оној историски дебакл на локалните избори и во првиот и во вториот круг на СДСМ и коалицијата во 2021 година, па замина комплетното политичко раководство на СДСМ на начин на кој што беше избран Ковачевски откако претходно беше киднапиран или исчезна еден пратеник во парламентот, Ковачевски беше избран или инсталиран во парламентот без политички или изборен легитимитет од граѓаните и што е уште пострашно потпиша национална катастрофа и капитулација позади завесата без да се консултира со најголемиот фактор во државата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што му нудевме поддршка“, потенцира Мицкоски и додаде:

„Откако тој проект на Ковачевски и Пендаровски пропадна, редно е да одиме на предвремени парламентарни избори бидејќи нема ниту една друга причина зошто тој да остане и понатаму како инсталиран“ рече Мицкоски и нагласи дека за неколку месеци, рече, ќе има нова власт и одговорност за криминалот кај сегашната власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ