среда, 4 декември 2024

Путин го разбира само тој јазик, вели полската дипломатија за ракетите со долг дострел против Русија

Дозволата што Вашингтон му ја даде на Киев да ја напаѓа руската територија со ракети со долг дострел е „јазик што (рускиот претседател Владимир) Путин го разбира“, рече полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На влегувањето на севернокорејските сили во војната и на масовниот руски ракетен напад, американскиот претседател Џозеф Бајден одговори на јазикот што Путин го разбира“, напиша Шикорски на социјалната мрежа Икс.

Според неговите зборови, жртвата на нападот има право да се брани, пренесе агенцијата Франс прес.

Администрацијата на Бајден ќе ѝ дозволи на Украина да го користи оружјето дадено од САД за напади длабоко на руска територија, изјавија вечерва доброупатени извори за Ројтерс, а тоа претставува промена во политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт.

Украина планира да ги изврши првите ракетни напади со долг дострел во наредните денови, рекле изворите без да наведат детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ