вторник, 10 декември 2024

Шолц: Разговорот не даде назнаки за промена во размислувањето на Путин за војната во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц кажа дека неговиот разговор со Владимир Путин во петокот не дал никакви назнаки за промена во размислувањето на рускиот претседател за војната во Украина, но ја бранеше својата одлука телефонски да разговара со Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шолц кажа дека вредело да се разговара со Путин за да се разбркаат сите илузии кои можеле да се негуваат дека Западот се спрема да се откаже од поддршката на Киев, зборувајќи денес на берлинскиот аеродром, пред своето заминување на самитот на Г20 во Бразил.

Додаде дека, имајќи го предвид скорото враќање на Доналд Трамп на местото претседател на САД, дека не би било добро Вашингтон да биде во редовен контакт со Путин, а ниеден европски лидер да не е.

„Разговорот беше многу детален, но придонесе на спознанието дека малку се променило во погледот на рускиот претседател на војната, а тоа не е добра вест“, кажа Шолц.

Германскиот канцелар повторно ја потврди поддршката на својата влада на Украина, кажувајќи дека никаква одлука за прекин на војната со Русија нема да се донесе без Киев.

„Украина може да смета на нас“ и „никаква одлука нема да биде донесена зад грбот на Киев“, кажа канцеларот.

Шолц разговара на 15 ноември на телефон со рускиот претседател Владимир Путин, повикувајќи го лидерот на Кремљ да ја прекине војната против Украина и да преговара со Киев за „праведен и траен мир“.

Кремљ истакна дека разговорот бил одржан „на инцијатива на германската страна“.

Путин, како што е наведено, му кажал на Шолц дека евентуален договор за Украина „ќе тргнува од новата територијална реалност, и што е најважно, ќе ги елиминира коренските причини за конфликтот“.

Тоа беше прв пат германскиот и рускиот лидер да разговараат од декември 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ