петок, 18 октомври 2024

Меси доби свирежи од фановите на ПСЖ, но не беше многу загрижен поради тоа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Меси добро ја почна оваа сезона во ПСЖ, но лошо ја заврши откако го расипа односот со клубот и фановите.

Голем дел од навивачите на ПСЖ не го сакаат веќе во нивниот клуб, тој гневот го навлече со заминувањето во Саудиска Арабија без прашање и со ставот дека нема да потпише нов договор со францускиот клуб.

Меси беше суспендиран на еден натпревар, се извини, па синоќа беше стартер против Ажаксио. Но кога ја имаше топката, имаше и свирежи за него.

Тој се трудеше да ги игнорира, при овој корнер се гледа дека не е баш погоден од свирежите, додека публиката му свиркаше, Меси ја жонглираше топката до корнер знаменцето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ