недела, 20 октомври 2024

Меси даде нов хет-трик, па ФИФА соопшти убава вест за Интер Мајами (ВИДЕО)

Само неколку дена откако постигна хет-трик за Аргентина, Лионел Меси сега даде три гола и на натпревар за Мајами, неговиот тим победи со 6-2.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по натпреварот ФИФА соопшти дека Интер Мајами ќе игра на Светското клупско првенство кое ќе се одржи престојното лето.

Што се однесува до натпреварот, Меси мечот го почна од клупата, во игра влезе во 58. минута и до крајот успеа да даде три голови за негов хет-трик.

Во првото полувреме Луис Суарез даде два гола, а еден постигна Кремаски.

Ова беше и последен меч од регуларниот дел од сезоната во МЛС, па на Интер Мајми му беше доделен трофејот кој го добива победникот за овој дел од сезоната. Тие регуларната сезона ја завршија на првото место со 74 бодови што е рекорден број во американската лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ