„На 11-годишнината од смртта на поранешниот претседател на ДПА г-дин Арбен Џафери, денес претседателот на ДПА г-дин Мендух Тачи оддаде почит и положи венец од цвеќиња на гробот на починатиот.
Вечен нека е споменот!“, соопшти Службата за информирање на ДПА.
Инаку, Џафери беше и пратеник, а меѓу другото, тој е и еден од четирите лидери кои го потпишаа Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на воениот конфликт од 2001 година.
Арбен Џафери почина во 2012 година на 64 годишна возраст.