петок, 1 ноември 2024
Прес-конференција на Вреди

Meџити: Со „сицилијанско“ знаме на законот на ДУИ, казина ќе никнат и во училишни дворови

Изет Меџити, пратеник и лидер на Демократско движење, во рамки на коалицијата Вреди, денеска изјави дека со Законот за игри на среќа предложен од ДУИ, казина ќе може да се најдат и во училишните дворови. Коалицијата Вреди ќе каже стоп на овој предлог, кој ДУИ се обидува да го помине еднаш со европското знаме и еднаш со „сицилијанско“ знаме, наглси Меџити.

Објавено на

часот

Сподели

„Со предложениот закон на ДУИ, казина може да има и во училишните дворови. Какви тајни крие овој предложен закон еднаш замааскиран со европското право и еднаш со знамето на „Сицилија“, покажува членот 10 во кој се бара отстранување на обложувалниците, но не и на казината. Всушност, членот 10 овозможува процут на казината. Тој став намерно ги исклучува казина. Со овој закон Артан Груби ќе ги отстрани обложувалниците, но не и казината. Коалицијата Вреди итно бара да ги отстраниме не само обложувалниците, туку и казината“, изјави Изет Меџити.

Тој нагласи дека секогаш кога од ДУИ зборуваат за овој закон, тие само ги споменуваат обложувалниците дека ќе се одалечат од училиштата на најмалку 500 метри, но дека намерно не ги споменуваат казината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ