среда, 27 ноември 2024

Меџити: Нема преговори со Тачи да премине во коалицијата Вреди

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Вреди (Влен), изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи за неговата ДПА да се придружи на албанскиот блок партии, кои се дел од владејачката коалиција.

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, Меџити рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Во изјава за медиумите дадена денеска во Арачиново, Меџити нагласи дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во коалицијата Вреди.

„Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена“, изјави Меџити.

Прашан дали планираат да преговарат со пратници од ДУИ за да преминат на страната на Вреди, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ