вторник, 22 октомври 2024
Министерот за здравство дообјаснува

Меџити за разрешувањето на д-р Јовев: Имаше злоупотреби во Клиниката за кардиохирургија

Објавено на

часот

Сподели

„Ние во сите клиники имаме еден тајминг и праќаме инспекциски надзор. Од Државен санитарен инспекторат, наредив, а има инспекција во Клиниката за кардиохирургија и видовме од извештајот дека има големи злоупотреби и поради тоа така постапив. За тоа одлучуваат професионалните органи. Тие решиле дека има злоупотреба и затоа така постапив. Нема да дозволам да има директори  кои 5 до 10 години не доставиле никаков извештај и немаат ништо сработено.Не работиме напамет, имавме сознанија и имавме од одредена клиника поплаки за мобинг и други злоупотреби. Оваа клиника беше случајно. И во наредните месеци ќе пратиме инспекции во сите клиники и здравствени установи“, рече Меџити во интервју за ТВ 24.

На прашањето зошто се формализира кога д-р Јовев е исклучителен лекар под чие раководство беше извршена првата трансплантација на срце, подоцна и уште седум трансплантации, Меџити рече дека не ја спори стручноста.

„Јас за него како професионалец нема да коментирам, не навлегувам во неговата стручност, и јас доаѓам како лекар од Клиничкиот центар, тамуј се знаеме меѓу себе кој колку вреди. Но да не ја мешаме профеионалноста како лекар и како директор. Тука стануваше збпор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксус за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори. Сакам да отфрлам каква било  инсуинација дека разрешувањето има политичка позадина. За лоши резултати и злоупотреби го разрешив и директорот на болницата Бардовци кој е од Алијанса  за Албанците, партијата од чии редови сум и јас министер“, рече Меџити.

Инаку, проф.д-р Јовев утрово во ексклузивна изјава за МКД.мк откри дека е разрешен со одлука на министерот Меџити, но дека решението не го примил зашто за првпат во својата кариера е на боледување. Во саботата тој ја отвори првата хибридна сала при Кардиохирургија и рече дека тешко болните пациенти нема да мора да одат на лекување во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ