Разрешен е проф. д-р Сашко Јовев, кој ги предводеше тимовите за трансплантација на срце, директор ќе  биде лекар од Тетово
1685961066

Во изјава за МКД.мк проф. д-р Сашко Јовев вели дека разбрал за одлуката да биде разрешен од функцијата директор иако за такво нешто, вепи, освен партиски побуди на министерот, сигурно дека не постојат други причини бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.

Решението од министерот не го примил бидејќи, вели, за првпат во својата кариера е на боледување.

Трансплантациите на срце извршени под негово раководство се круна на неговата кариера. Тој во саботата ја отвори хибридната сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија..

Сите пациенти кои имаат тешки кардиоваскуларни болести, во иднина наместо да одат во странство ќе можат да се лекуваат тука, рече д-р Јовев.

т

Првата трансплантација на срце во Македонија беше извршена на 23 мај 2020 година во екот на најострите мерки поради пандемијата со ковид-19, под раководство на проф.д-р Сашко Јовев, а потоа следуваа уште седум трансплантации. Кардиохирургот Јовев лани ја доби државната награда Свети Климент Охридски заради своите постигнувања во медицинската наука од значење за државата, дел е од тимпот што ја доби 13-ноемвриската награда на Град Скопје, а добитник е и на други награди.

Инаку, МКД.мк дознава и дека оставка поднел директорот на Клиниката за психијатрија  д-р Стојан Бајрактаров, кој како што се дознава, не ги издржал притисоците од страна на министерот.

                                                                                                                                       П.Џ.