сабота, 19 октомври 2024

Мбапе и Винисиус донесоа гостинска победа за Реал Мадрид кај Селта (ВИДЕО)

Со голови на Мбапе во првото и Винисиус во второто полувреме, Реал Мадрид со 2-1 славеше на гостувањето кај Селта.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен по 20 минути игра во првиот дел кога Мбапе постигна одличен погодок за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Но, по шест минути игра во вториот дел, Сведберг по асистенција од Мингеза изедначи на 1-1.

Модриќ влезе во игра во 63. минута, а само три минути подоцна имаше одлична асистенција до Винисиус кој даде гол за победа на Реал Мадрид од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ