сабота, 21 септември 2024

Мбапе го скрши носот, ќе игра со маска до крајот на Европското првенство

Француската фудбалска федерација (ФФФ) потврди дека Килијан Мбапе има скршеница на носот и остатокот од првенството ќе го игра со заштитна маска.

Објавено на

часот

Сподели

Во финишот од натпреварот против Австрија, Мбапе заработи скршеница на носот, со крв го напушти теренот. Тој нема да оди веднаш на операција, најпрво ќе го доигра првенството.

„Килијан Мбапе се врати во кампот на француската репрезентација. Килијан Мбапе заработи скршеница на носот во второто полувреме од мечот меѓу Австрија и Франција кој се играше во понеделник во Дизелдорф. Капитенот на Франција прво беше третиран од медицинскиот тим и Др. Франк Ле Гал, кој дијагностицираше скршеница на носот. Мбапе ќе добива третман во следните денови, но нема да оди на операција во блиска иднина. Ќе биде направена маска за него, па 10-ката на француската репрезентација ќе може да се подготви за враќање на натпреварите по периодот посветен за третман“, се вели во соопштението за ФФФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ