вторник, 8 октомври 2024

Ди Марија: Не можевме да спиеме од огномет во Белград

Бенфика со трите бода се враќа од Белград откако славеше над Црвена звезда со 2-1, мисијата е остварена, но на португалскиот тим не му беше лесно.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемата ѕвезда во составот на Бенфика, Анхел Ди Марија го потенцираше огнометот ноќта пред мечот, пред нивниот хотел од страна на фановите на Црвена звезда.

„Знаевме дека ќе биде тешко. Не можевме да спиеме од огнометот во текот на ноќта, но одигравме одличен натпревар. Добро работевме, знаевме дека ќе бидеме под притисок, но добро се заврши“, рече Ди Марија кој беше прогласен за играч на натпреварот.

„Среќен сум за наградата, но најважни се навивачите и тимот. Ќе се обидеме да продолжиме вака до крајот на сезоната. Работиме на ист начин, тешко е да се објасни што се променило. Претходно шутиравме и топката не влегуваше, а сега секогаш влегува, тоа е разликата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ