среда, 9 октомври 2024

Шахистите поразени од Полска, шахистките ја совладаа Јужна Африка

Машката шаховска репрезентација на Македонија доживеа минимален пораз од Полска во осмото коло на Олимпијадата која се одржува во Будимпешта, загубивме со 2,5-1,5, нашата женска селекција со истиот резултат беше подобра од Јужна Африка.

Објавено на

часот

Сподели

Единствената победа за македонските шахисти ја забележа ИМ Тони Лазов кој на втора табла беше подобар од ВМ Кацпер Пиорун.

ВМ Евгениј Романов на прва табла загуби од ВМ Јан Дуда, а ИМ Никола НИколовски на трета табла беше поразен од ВМ Матеуш Бартел. На четвртата табла ИМ Емил Ристески ремизираше со ВМ Симон Гумулаш.

Во 9. коло Македонија игра против селекцијата на Шведска. Во моментов сме на 31. место.

Девојките со 2,5-1,5 ја совладаа селекцијата на Јужна Африка.

Победи забележаа Моника Стојковска на прва табла и Моника Жежовска на трета табла. На втора табла ремизираше Ивана Манова, а мечот го загуби Леа Ефтовска на четврта табла.

Во следното коло Македонките играат против Нов Зеланд. Во моментов сме на 65. местото на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ