среда, 9 октомври 2024
Нагла ескалација на судирите

Израел уби висок командант на Хезболах во нападот врз Бејрут

Израел уби висок командант на Хезболах денеска во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, соопштија израелската војска и два безбедносни извори во Либан, што остро го ескалира едногодишниот конфликт меѓу Израел и групата поддржана од Иран, вели Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска соопшти дека Ибрахим Акил, кој служел во највисокото воено тело на Хезболах, бил вршител на должноста командант на елитните сили на групата Радван и дека бил убиен заедно со други високи команданти на единицата.

Еден од безбедносните извори во Либан рече дека тој бил убиен заедно со членовите на единицата Радван додека одржувале состанок.

Во нападот загинаа девет лица, а 59 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство, според прелиминарниот биланс.

Нападот му нанесе уште еден удар на Хезболах откако групата претходно оваа недела претрпе напад без преседан, во кој експлодираа пејџерите и воки-токијата што ги користеа нејзините членови, при што загинаа 37 луѓе, а илјадници беа ранети. Нашироко се верува дека тој напад го извршил Израел, кој ниту ја потврди ниту негира својата вмешаност.

Цивилната одбрана соопшти дека нејзините спасувачки тимови трагаат по луѓе под урнатините на двете згради погодени во денешниот напад.

Израелската војска соопшти дека извршила „целен напад“ во Бејрут, без да даде дополнителни детали.

Ова е втор пат за помалку од два месеци Израел да убие некој од главните воени команданти на Хезболах во Бејрут. Во јули во израелски воздушен напад беше убиен Фуад Шукр, главниот воен командант на групата.

САД имаа распишано награда за главата на Акил од 7 милиони долари поради неговата поврзаност со смртоносното бомбардирање на маринците во Либан во 1983 година, според веб-страницата на Стејт департментот на САД.

Хезболах соопшти дека истрелал ракети Катјуша врз, како што го опиша, главниот штаб на разузнавањето во северен Израел „кој е одговорен за убиствата“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека не знае за никакво израелско известување до Соединетите Држави пред нападот во Бејрут, додавајќи дека Американците биле повикани да не патуваат во Либан или да си заминат ако веќе се таму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ