сабота, 28 септември 2024

Мартинез: Ова е загрижувачко, обезбедувањето не смее да дозволи навивачи да влегуваат на терен

Вчера неколку навивачи влегоа на теренот на мечот меѓу Португалија и Турција, дел од нив успеаа да стигнат до Роналдо и да се сликаат со него, дел беа фатени од обезбедувањето.

Објавено на

часот

Сподели

Малку фалеше да биде повреден Гонзало Рамош откако несакајќи беше удрен од редар кој бркаше навивач.

До Роналдо успеаа да стигнат четворица фанови, Португалецот прво со насмевка се сликаше, но потоа беше изнервиран поради тоа што се случува.

Гневот го искажа и селекторот Роберто Мартинез кој упати многу критики за обезбедувањето.

„Ова е загрижувачко, сега имавме среќа со намерите на навивачите беа добри. Ги сакаме фановите кои ги препознаваат големите ѕвезди и сакаат да се сликаат со нив. Но, што ако намерите беа лоши? Можат да се случат многу лоши работи, треба да бидеме внимателни“, вели Мартинез.

„Не смее да се случува ова на фудбалскиот терен. Има доволно озбедување и редари. Не смеат да дозволат да влегуваат навивачи на теренот. Тоа треба и да им се порача на навивачите. Се надевам дека во иднина мерките ќе се заострат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ