петок, 18 октомври 2024

Марин Докузовски потпиша четиригодишен договор со македонски второлигаш

Објавено на

часот

Сподели

Не се работи за КК Куманово кој испадна од Првата лига, туку од релативно нов кумановски клуб кој до пред некое време беше и третолигаш.

„Најуспешниот кошаркарски тренер Марин Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово“, стои во соопштението на клубот кое продолжува со нивно претставување:

„Најуспешниот и еден од најдобрите кошаркарски тренери во историјата на Македонија, Марин Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово кој се натпреварува во втората кошаркарска лига. Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти.

Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години.

Здружение кошаркарски клуб МКК КУМАНОВО (Младински кошаркарски клуб Куманово) е формиран во 2018 година и се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ