Во текот на 120 минути игра немаше голови. Шанси за погодок имаа и двете екипи, дуелот беше изедначен.
Трагичар на Брајтон беше Соли Марч кој беше единствениот кој промаши од белата точка и тоа во седмата серија. Двете екипи беа перфектни во шест серии, а во седмата Брајтон промаши, Јунајтед даде гол и обезбеди финале.
За пехарот ќе се бори против градскиот ривал Манчестер Сити кој синоќа убедливо со 3-0 го совлада Шефилд јунајтед.