вторник, 26 ноември 2024

Манчестер јунајтед му даде отказ на големиот Сер Алекс Фергусон

Додека сите очекуваат Ерик тен Хаг да добие отказ, Манчестер јунајтед го разреши Сер Алекс Фергусон од амбасадорската функција која ја извршуваше во клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Сопственичката групација „ИНЕОС“ на чело со Џим Ратклиф реши да му даде отказ на Сер Алекс Фергусон. Најуспешниот тренер во историјата на Манчестер јунајтед имаше милионски договор, а негова улога беше да биде светски амбасадор на клубот. Оваа функција Фергусон ја извршуваше од октомври 2013 година.

Новите сопственици сметаат дека нема потреба од постоење на оваа функција, па со цел да заштедат средства, Фергусон е разрешен од амбасадорската позиција.

Клубот одлучи Фергусон да остане неизвршен директор во клубот и да има загарантирано место на Олд Трафорд за секој меч.

Навивачите на Јунајтед негодуваат на овој потег на клубот, сметаат дека тие не ги решаваат вистинските проблеми, а му даваат отказ на најзаслужниот човек во историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ