понеделник, 28 октомври 2024

Малолетник загина откако во него удрил автомобил на Пластичарска во Скопје

Попладнево околу 17 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје автомобил удрил во малолетник и го напуштил местото на несреќата.

Објавено на

часот

Сподели

Момчето било пренесено во Ургентниот Центар – Скопје, каде била констаирана смрт.

Иако возачот избегал од местото на несреќата, МВР уапсила 21 годишник од Скопје кој се сомничи за предизвиканата несреќа со смртни последици.

На местото на несреќата кај Пластичарска се врши увид за да се утврди што точно се случило и кои се причините за несреќата.

Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ