„Прекинот на непријателствата им нуди на Либанците можност, со поддршка на нивните партнери, да се впуштат во трајно закрепнување на земјата“, рече францускиот лидер во видео-обраќањето објавено на мрежата Икс.
Тој повика на „моментален избор“ на либански претседател и реформи на институциите во земјата за да се овозможи финансиско закрепнување.
Макрон додаде дека Франција „нема да штеди напори“ да го поддржи прекинот на огнот и ќе го стори тоа со Привремените сили на Обединетите нации во Либан, во кои Франција, рече тој, игра „централна улога со низа партнери“.
Францускиот претседател нагласи дека овој договор не значи дека треба да се заборави војната во Газа.
Тој рече дека Франција „ќе продолжи со напорите за постигнување прекин на непријателствата, ослободување на заложниците, масовен прилив на хуманитарна помош и, се разбира, праведно и трајно политичко решение кое вклучува две држави“.