понеделник, 25 ноември 2024

Макрон најави испраќање на ракети со долг дострел во Украина: Москва реагираше веднаш

Објавено на

часот

Сподели

Макрон по пристигнувањето на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, одби да даде детали за тоа колку и кои ракети ќе ѝ бидат доделени на Украина.

„Одлучив да ги зголемам испораките на оружје и опрема што ќе ѝм овозможи на Украинците да имаат капацитет да напаѓаат длабоко, додека ја одржуваме нашата доктрина да ѝ дозволиме на Украина да ја брани својата територија“, рече Макрон.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека оваа одлука воопшто не е добра и додаде дека останува да се види за каков опсег станува збор.

„Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, оптоварена со последици за украинската страна, бидејќи таа, се разбира, ќе не принуди да преземеме контрамерки“, рече Песков.

Песков изјави дека одлуката на Париз нема да влијае на текот на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.

„Уште еднаш го повторуваме принципиелниот пристап кон ваквите одлуки, овие одлуки не можат да влијаат на текот на настаните во рамките на специјалната воена операција. Тие можат само да ја отежнат судбината на режимот во Киев“, додаде Песков.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Вилнус дека Париз ќе ѝ обезбеди на Украина ракети со долг дострел, без да прецизира за кои ракети станува збор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ