понеделник, 25 ноември 2024
Голем подвиг на македонските спортисти

Македонските ултра-маратонци ги поместуваа своите граници во Истра, трчаа и преку 160км!

Објавено на

часот

Сподели

Голем подвиг на Македонците, некои од нив настапија на трката на 168,6 км, а дел се натпреваруваа на 110 км, имавме натпреварувачка и на 42,1 километар.

m

Најдобар наш натпреварувач беше Виктор Најдовски кој делницата од 168,6 километри ја мина за 28 часа, 49 минути и 13 секунди. Тој заврши на 68. место.

Јовица Јованчев беше втор наш најдобар натпреварувач, со време од 36 часа, 31 минута и 19 секунди тој го освои 150. место, Дарко Шиповиќ стигна пет секунди подоцна од него и ја финишираше трката како 151. 

На трката со делница од 110 километри, најдобра Македонка беше Радмила Јованова со време од 17 часа, 51 минута и 14 секунди. Таа во својата категорија беше 16. место, а како 25. девојка ја мина целта. Во вкупниот пласман на сите натпреварувачи на 110 километри, таа заврши на 152. место.

r

На оваа далечина настапи и Бобан Стојановски кој оствари време од 20 часа, 25 минути и 48 секунди. Тој го освои 229. место.

Имавме натпреварувачка и на трката од 42,1 километар. Сунчица Близнаковска делницата ја помина со време од 6 часа, 10 минути и 31 секунда.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ