петок, 25 октомври 2024

Македонските ракометарки убедливо поразени во првиот меч на „Трофеј Карпати“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со 36-25 загуби во првиот натпревар на „Трофеј Карпати“ од домашната селекција на Романија.

Објавено на

часот

Сподели

Романските ракометарки беа подобри од Македонките во текот на целиот меч и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Покрај денешниот натпревар со домаќинот, Македонија во наредните два дена ќе одигра натпревари против Словачка и Швајцарија. Натпреварот против Словачка го играме утре од 13:30 часот, додека в недела од 11:30 часот ќе се соочиме со Швајцарија.

На овој турнир Македонија настапува како дел од подготовките за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ